Владата годинава ќе вложи окoлу 100 милиони евра во изградба и реконструкција на патиштата низ целата држава. Со Програмата за 2013 се планира изградба и реконструкција на 133 локални патишта со должина од 162 километри во 70 општини низ државата за што се наменети 17 милиони евра, како и 11 регионални патишта со должина од 160 километри, за што ќе бидат вложени 30 милиони евра. Продолжувањето на интензивните инвестиции во патната инфраструктура преку изградба, реконструкција и модернизација на патиштата ќе значи придобивка и за граѓаните и за вкупниот економски развој на државата, а особено за градежниот сектор, за кој се отвора простор за поголем обем на работа и отворање работни места.
Владата годинава ќе вложи окoлу 100 милиони евра во изградба и реконструкција на патиштата низ целата држава.
Со Програмата за 2013 се планира изградба и реконструкција на 133 локални патишта со должина од 162 километри во 70 општини низ државата за што се наменети 17 милиони евра, како и 11 регионални патишта со должина од 160 километри, за што ќе бидат вложени 30 милиони евра.
Продолжувањето на интензивните инвестиции во патната инфраструктура преку изградба, реконструкција и модернизација на патиштата ќе значи придобивка и за граѓаните и за вкупниот економски развој на државата, а особено за градежниот сектор, за кој се отвора простор за поголем обем на работа и отворање работни места, рече портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.
Патишта ќе се градат и реконструираат низ целата територија на државата, во секоја општина независно од составот на населението, нејзината големина или политичката припадност на градоначалникот, нагласи тој.
Изградбата на локалните патишта ќе се одвива во три дела. Во првиот ќе се градат 23 патишта во 22 општини со должина од 36 километри, за што ќе се потрошат 4,7 милиони евра, а во вториот 30 патишта во должина од 40 километри со 5,9 милиони евра. Третиот дел опфаќа 80 патишта во должина од 84 километри во 60 општини, во вредност од 6 милиони евра.
Од регионалните патни правци годинава целосно ќе бидат завршени четири патни правци со должина од 60 километри пренеси од програмата за минатата година, поради раскинување договор со претходниот економски оператор, кој не ги исполни договорните обврски. Тоа се патиштата Kавадарци - Мушов Гроб, Радовиш-Kонче, Ангелци-Вељуса и Струга-Дебар, а во нив ќе се инвестираат 10 милиони евра, најави Ѓорѓиев.
Во текот на годинава ќе се вложат и пет милиони евра за патишта во должина од 70 километри: Липково-Арачиново, Тетово-Јажинце, Опае-Станчиќ, патот за поврзување на новиот локалитет Сончев град и Изворски мост-Гарски мост. Во 2013 ќе бидат завршени и регионалните патни правци Штип-Струмица и патот за поврзување на туристичкиот центар Kожуф, во должина од 24 километри, со инвестиција од 14 милиони евра.
Годинава ќе почне и проширувањето и изградбата на патот Велес-Kадрифаково, една од најцрните точки во земјава од аспект на сообраќајни незгоди, со негово проширување од 6,7 метри на 11 метри со две нови коловозни ленти.
Ќе се модернизира и делницата Велес-Kатланово, во должина од 24 километри, за што ќе бидат инвестирани околу 8 милиони евра. Ќе продолжат и активностите за автопатотот Демир Kапија - Смоквица од Kоридорот 10, со должина од 28 километри, за што е обезбедена целосна финансиска конструкција.